Овен
Доколку се криете зад нечии одговори, непотребно го расипувате својот деловен и општествен углед. Во средба со соработниците избегнувајте ги импулсивните одлуки и непотребната расеаност. Бидете промислени и воздржани. Вашата упорност пред саканата личност донесува спротивен ефект, морате да ја прифатите одговорноста за она што ви се случува.
Бик
Понекогаш работите изгледаат премногу комплицирано. Но, без одреден ризик нема ни значаен напредок. Вашата околина дејствува потикнувачки и добронамерно. Деловниот успех треба да ве мотивира на позитивни промени во различни правци. Важно е да реагирате во вистински момент кога се однесува на партнерот.
Близнаци
Имате интересни идеи, но не можете да остварите се’ што сте замислиле. Покажете повеќе смисла за практично дејствување. Во средба со соработниците извлечете корисна порака во однос на работата. Среќата е на ваша страна, се’ додека постои согласност и разбирање со саканата личност.
Рак
Упорно се обидувате да го наметнете своето влијание врз соработниците, но постојат и ситуации кои го преминуваат вашето знаење или професионалното искуство. Бидете доволно промислени во процена на своите деловни можности. Ако добиете лош сигнал, важно е да се дистанцирате и да почекате некоја подобра можност.
Лав
Зачудени сте од нечие однесување, но тоа не ви дава право да ги промените деловните договори. Потребно е да се дистанцирате од некои сомнителни ситуации и да останете доследни во своите намери. Лесно и со насмевка на лице, можете да исполните нечие очекување или желба.
Девица
Некој ве опоменува на можно промашување, но вие не му придавате значење, а посебно не и’ обрнувате внимание на личноста која нема важна улога во вашиот живот. Правилната процена на вредноста и добриот став донесува олеснување, употребете го своето практично искуство.
Вага
Околината позитивно реагира на вашите идеи и некој ве поттикнува на креативно изразување. Важно е да ја зачувате смислата за добар вкус и да не го истакнувате премногу својот успех или популарност во друштво на соработниците. Доколку ве мачат љубовни дилеми, искрено разговарајте со партнерот.
Скорпија
Непотребно се плеткате во разни ситуации кои го преминуваат вашето знаење или практично искуство. Важно е правилно да се дистанцирате од сомнителните случувања или соработници, кои можат да предизвикаат непријатна ситуација. Обрнете внимание на партнеровите забелешки.
Стрелец
Потребно е правилно да се организирате и да побарате нечија помош и поддршка. Се наоѓате во одлична можност да повлечете важни потези, покажете промисленост и употребете доверливи критериуми при изборот на соработниците. Ве очекува пријатно изненадување со саканата личност.
Јарец
Важно е да добивате позитивни одговори од различни страни и деловните случувања да се менуваат во ваша корист. Порано или подоцна, се’ се сведува на добра процена и вешто планирање. Факторот на среќата секогаш има пресудно значење. Слободно употребете ги своите заводнички манири.
Водолија
Вашите објаснувања звучат логично, но во средба со соработниците новите случувања најчесто ги разгледувате од сопствен агол. Некој смета дека премногу се грижите за сопствените интереси и сакате да доминирате. Потребно ви е многу среќа да се оправдате пред саканата личност.
Риби
Ви се допаѓаат нечии деловни идеи, но се’ уште не сте донеле завршна процена или одлука. Побарајте од своите соработници дополнителни информации за работите кои не ги познавате добро. Нема причина да се сомневате во нечии намери, подарете му поголемо внимание на партнерот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!