Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (11.01.2022)

Овен
Пречувствителни сте и настроени кон расправии. Јазикот ви е побрз од мозокот, не дозволувајте поради погрешно изговорени зборови да дојдете до непријатна ситуација. Мислите дека на проблемите им нема крај, затоа мирно дочекајте го нивниот расплет.

Бик
Потребно ви е малку време за своја душа. Се ангажирате за другите, посветени сте на работата, па ги занемарувате своите суштински потреби. Слободните моменти треба ги поминете во активности што ви причинуваат задоволство.

Близнаци
Успешен ден за разни трансакции, игри на среќа и берзански шпекулации. Финансиската ситуација се подобрува. Партнерот ве опсипува со огромно внимание, а не го заслужувате тоа. Среќата обично оди во комплет, затоа уживајте.

Рак
Полни сте со сила што треба да ја употребите на адекватен начин. Постои опасност од повреди, бидејќи поради намалена внимателност и лоша концентрација може се’ да се случи. Само со одмерени и разумни гестови можете во целост да бидете задоволни.

Лав
Во потрага по промени, се одлучувате за патување или за нова активност. Трпеливо и истрајно ги завршувате обврските кои во меѓувреме се насобраа. Ви годи осаменоста, па затоа и слободните моменти со задоволство ги поминувате во тишина.

Девица
Во фаза сте на силни емотивни преживувања, па по малку сте загрижени бидејќи многу очекувате од ситуацијата. Што и да се случи, конечниот расплет ќе биде кон срединаta на летото. И покрај се’, пред вас е успешен ден, особено на љубовен план.

Терезија
Припадниците на знакот што се насочени кон практични работи може да имаат проблеми за разлика од оние што се занимаваат со уметност и паранормални феномени. Оние припадници што целосно се фокусирани на професионален план може да имаат проблеми.

Скорпија
Свесни сте за обврските што треба да ги извршите и тоа го правите без паника. Се наоѓате во поволен период за постигнување успеси, затоа од моменталната ситуација извлечете го максимумот. Трпеливи сте, вредни и истрајни, а длабоко во себе незадоволни.

Стрелец
Финансиската ситуација донекаде е критична, така што сите мисли и енергија се насочени кон неа. Мора да бидете внимателни кога станува збор за парите. Можни се стомачни проблеми како последица на погрешна исхрана.

Јарец
Постојат сила и желба да се изборите со актуелните проблеми. Успешни сте како на работа така и во приватниот живот. Опасност може да се јави во вид на желба за доминација и тврдоглавост. Намалете го темпото, во секој случај ќе успеете да ги остварите своите замисли.

Водолија
Се’ ви паѓа тешко. Потребни ви се многу сила и нерви за да можете да работите. Ви се советува одмор и рекреација, другото може да почека. Нема секогаш да бидете мрзливи, затоа смирете се и почекајте да ви се врати желбата за работа.

Риби
Успешен ден е пред вас само под услов да го сакате тоа. Се наоѓате во ситуација кога можете активно да влијаете на случувањата и од животот да го земете она што ви треба. Освен парите, има толку многу работи кои можат да ви го разубават животот, на пример, љубовта.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>