ОВЕН
Не грижете се за неважни работи, затоа што имате премногу работа. Сите денешни активности се поврзани со љубов и страст. Доколку не се реализирате на тој начин, обидете се да најдете компензација преку занимавање со уметност и уживање во тоа што го правите. Бидете трпеливи спрема вашиот партнер, и не барајте се сега и веднаш.
БИК
Функционирате со значително зголемена чувствителност, која може да се покаже меч со две острици. Ако ја надминете љубомората и агресивноста, ќе уживате во шармот на саканата личност. Во спротивно, ќе бидете соочени со инхибициите. Пожелно е да ги прифатите мааните на Вашиот партнерт. Не го менувајте него, туку себе. Така е поголем ефектот.
БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе имате многу конструктивен ден. Наклонети Ви се и ѕвездите, во сите сегментои од животот. Вашиот личен хороскоп покажува што најмногу Ви оди од рака, па затоа пожелно е да се ангажирате на тоа поле. Ќе успеете да исполните се што сте замислиле. Времето што следува е поволно за ново работно место, љубов и убави настани.
РАК
Во моментов Вашите совети им помагаат на другите, но штом ќе го завршите својот дел, останувате, како и обично, сами. Таа состојба може да влијае негативно врз Вашето здравје, па затоа конструктивната лага е вистински спас. Направете список од неколку подготвени одговори кои може да Ве одбранат од настојувањата да помогнете. Од соработниците се уште немате некоја посебна корист. Бидете трпеливи.
ЛАВ
Се наоѓате во период во кој сакате да ги реализирате своите идеи и да ги искористите своите таленти. Ѕвездите од срце Ве поддржуваат, па затоа ќе успеете и ќе издржите сè. Со партнерот поминувате убави моменти. Убаво се чувствувате, бидејќи сте задоволни и свесни за својата љубов. Љубовта е веројатно главната движечка сила за голем дел од овој знак.
ДЕВИЦА
Искористете ги предностите на поволните планетарни влијанија за оние нешта кои не Ви биле наклонети. Сега е вистински момент да се прекине, и да започнете нешто ново. Ќе видите како денес сè Ви поаѓа од рака, како сè извршувате со леснотија. Емоционалните недоразбирања ќе ги ублажите и ќе ја зајакнете врската со својата сакана личност.
ВАГА
Вознемиреноста е резултат на нервозата и претераните и нереални очекувања. Сами сте виновни за неповолната ситуација со околината, особено со Вашиот партнер. Бидете потоларентни кон него како што тој е кон Вас. Обавезно реализирајте се во некоја сфера и не го трошете времето залудно.
СКОРПИЈА
Уживајте во поволностите кои Ви ги нуди денов, буквално во секоја сфера. Зрачите со оптимизам, а љубов имате во огромни количини. Не ги пропуштајте шансите кои Ви претстојат бидејќи во иднина може да резултираат со низа поволности. Внимавајте на исхраната , не претерувајте со јадење.
СТРЕЛЕЦ
Ви се нудат одлични прилики за напредување, па бидете мудри и искористете ги. Но, се’ зависи од Вашата желба и умешност да ги искористите на правилен начин. Ќе профитираат само оние стрелци кои ќе бидат итри, вредни и мудри. Засукајте ги ракавите и.. акција!!
ЈАРЕЦ
Денес сте особено комуникативни. Доколку се одлучите да се отворите пред блиските и да им кажете што Ве мачи или кои се Вашите проблеми постои голема можност дека брзо и безболно ќе бидат решени. Денес особено наклонети ќе Ви бидат припадниците на астролошкиот знак риби.
ВОДОЛИЈА
Ви претстои многу успешен ден доколку се фокусирате и јасно знаете што сакате. Надевајте се на најдобро, бидете оптимисти. Можни се нови понуди за работно место кои ќе резултираат со полн џеб. Нека не Ве загрижива “stand by” љубовното прашање, идат светли денови и на емотивно-љубовен план.
РИБИ
Денес особено е истакната желбата за Ваша доминација, особено врз Скорпиите. Со тоа, драги наши рипчиња ќе мора денов да го поминете со припадниците на овој воден знак. Благодарејќи на нивната несебична поддршка денов ќе биде мега-успешен. Можеби и претерувате со критикување на околинате, бидете малку и само-критични.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!