Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (08.06.2022)

Овен
Бидејќи не се трудите ништо да промените, не надевајте се на промени. Се нервирате и напнати сте. Потрудете се да сфатите каде сте згрешиле, а потоа надевајте се на успех.

Бик
Незадоволен емотивен живот и наклонетост кон љубомора. Во врската не ви цветаат рози, затоа и се чувствувате несигурно. Добро размислете што не е в ред и коригирајте се додека не е доцна.

Близнаци
Денес ви се советува повеќе да се одморате, а помалку да работите. Не оптоварувајте се со актуелни проблеми. Свесни сте за моменталната ситуација, па ќе ви биде лесно да издржите. Бидете трпеливи.

Рак
Размислувате да го подобрите финансискиот статус и ги вложувате сите сили за да успеете. Сакате да се активирате, но престанете да ја предизвикувате судбината. Ве очекува интересна пријателска средба.

Лав
Тешко ја прифаќате стварноста и тоа моментално не одговара на вашите очекувања. Ве очекуваат болни моменти на емотивен план. Занимавајте се со убави работи за да избегнете криза.

Девица
Само со трпеливост и упорност можете да испливате од проблемите. Ако сте непромислени, може да биде уште полошо. Здравјето не ви е стабилно, затоа обрнете повеќе внимание на тоа.

Терезија
Ова е одличен ден ако се занимавате со уметност, а лош за сите практични работи. Свесни сте дека односите со партнерот влегуваат во сериозна криза. Немате сила да ги промените работите, затоа не обвинувајте ги другите.

Скорпија
Случувањата на денот се врзани со јавноста. Очекувате премногу, а свесни сте за ситуацијата. Некој може да ве испровоцира за да ви докаже дека ги знае сите ваши планови.

Стрелец
Бидејќи до резултати доаѓате со нечија поддршка, морате да бидете подготвени на соработка. Сето тоа нема да ви биде тешко, бидејќи знаете дека ќе даде резултат. Бирајте зборови, некој може погрешно да ве разбере.

Јарец
Емотивното незадоволство ве прави депресивни. Бидејќи не сакате со партнерот да разговарате за сe, она што ве мачи го премолчувате. Бидете смирени, здравјето не ви е сјајно. Занимавајте се со спорт.

Водолија
Сакате работите да се одвиваат така како што сте замислиле. Може да бидете вознемирени, но потрудете се да се релаксирате. Лесно ќе ги пребродите проблемите ако најдете дипломатско решение.

Риби
Ве очекува поволен период, но потрудете се емотивниот живот да ви биде на прво место. Се чувствувате незадоволно, но тоа ќе трае кратко. Насочете се кон оние работи кои ви одат од рака.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>