Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (07.12.2022)

Овен
Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, поднова… Со еден збор ве поддржуваат во настојувањата да уживате. Моментно ви се туѓи проблемите што до вчера ве нервираа. Сфаќате дека погрешно сте постапувале. Вљубениот човек е среќен, а со самото тоа и здрав. Уживајте.

Бик
Биковите се повљубени од вообичаено. Денес може да ја „изгубите главата“, кога најмалку се надевате. Евидентни се засилени емотивни реакции. Под услов да сте исполнети, тие ќе бидат сведени на минимум. Во спротивно, ќе има неволји. Настојувајте вниманието да го насочите на позитивни работи, а не на судири со околината.

Близнаци
Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во практика и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.

Рак
Со Близнаците одлично соработувате, што не е честа појава. Вашите мисли се окупирани со нови содржини, па можеби сте малку површини. Ќе мине и таа состојба, но желбата за знаење нема. Ситуацијата бара преквалификација т.е. стручно усовршување. Планирате нови семејни средби. Не мирувате.

Лав
Лавовите се среќни и задоволни. Во ова расположение повеќе уживаат машките претставници на знакот, но ниту Лавиците нема да останат со куси ракави. Неочекуваните настани ви го враќаат оптимизмот, а една средба буди нови надежи. Со Водолиите ќе воспоставите другарски контакт, бидејќи тие имаат кренато раце од нешто посериозно.

Девица
Вложувате огромен напор за да ги извршите обврските, но не ви е тешко, зашто сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Тие се далеку од стереотипното размислување и „проза“. Тоа е ваша мала интима. Фантазирате за една средба.

Терезија
Бурни реакции, кавги и нервирања… Терезиите што се обезбедиле на емотивен план нема да ги имаат овие проблеми. Тие се мирни како бубачки. Оние другите, со помалку среќа, незадоволството ќе го префрлаат на околината, обвинувајќи ја за сопствените неуспеси. Се надеваме дека припаѓате на првата група и не ширите нервоза.

Скорпија
Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата.

Стрелец
Се’ ви оди од рака. Уметнички сте ориентирани, емотивно задоволни. Со партнерот остварувате хармонична и корисна врска, од која обајцата профитирате. Тој мора повеќе да работи, а вие сте задолжени за „маркетинг“. Така се однесуваат повеќето припадници на знакот. Денес излезете во друштво и забавувајте се.

Јарец
Пред вас има многу работа, а малку помош. Под услов животот да го делите со Стрелец, морате постојано да работите. Додека тој себично ужива, вие се грижите за прозаични работи, зашто сте припадник на практичен земјен знак. Доколку сте здружени со припадник на некој воден знак, ќе имате поинаква среќа.

Водолија
Прекрасните мигови со Лавовите се базираат на другарство. Сфаќате дека од нив сте очекувале невозможно и не ви е јасно како е можно да сте биле толку „глупави“. Ситуацијата е разбистрена, па кон партнерот сте потолерантни од инаку. Семејните настани влијаат на плимата на оптимизам и аспектите на надворешна среќа.

Риби
Евидентна е менталната, емотивна и физичка криза. Одговорот на многу прашања побарајте ги во недостатокот на виталност, па настојувајте да зајакнете. Ви годи самотијата, зашто никој не е во состојба да ве расположи. Помошта од страна е незначителна, а луѓето неадекватни. За среќа, целосното незадоволство е само субјективно и минливо.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>