Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (07.07.2022)

Овен
Пречувствителни сте, постои можност од грешки. Се’ држите во себе, можете да си го загрозите здравјето. Не обрнувајте внимание на околината. Таа не е вредна за вашето внимание, свртете се кон работите што ви причинуваат задоволство. Само така ќе ја поминете кризата.

Бик
Нека не ве зачудат необичните љубовни афери. Пречувствителни сте на ударите отстрана, а прилично неспособни да го увидите својот степен на одговорност. Не обвинувајте ги другите за сопствените неуспеси. Најлесно е да се префрли одговорноста врз други, ама со тоа нема ништо да постигнете.

Близнаци
Избравте вистински момент да се активирате. Никогаш не е доцна, но по правило, донесувате вистински одлуки во погрешно време. И покрај се’, ќе бидете задоволни. Наредниот период е одличен за средување на љубовниот живот во смисла на бегство од пропадната врска или смирување со партнеровите мани.

Рак
Зголемената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не ја губите главата и да паничите, туку да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди, исто така, постои.

Лав
Идеален ден за се’ што има врска со партнерство и здружување. Успехот ќе дојде во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправите.

Девица
Се’ е во знакот на успешни деловни соработки и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на еден Близнак, кој единствено во ваше друштво не е „незгоден“. Со некого се допишувате и планирате идни случувања. Бидејќи се’ уште имате нерешени проблеми, почекајте пред да ја донесете конечната одлука.

Терезија
Вложувате напор за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте возбудувања и насилство отстрана. Проблемот на денот е мрзливост, која ви ја отежнува реализацијата на важни проекти. До средината на мај не вложувајте пари.

Скорпија
Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па со леснотија ќе го извршите. За одлично расположение и здрави резони заблагодарете му на партнерот и на пријателите, тие ве поддржуваат.

Стрелец
Можни се проблеми во комуникација со соработниците кои ќе бидат предизвикани од вашата нервоза и пречувствителност. Доколку не сакате да добивате шеги на своја сметка, не правете им го тоа на другите. Ќе имате можност да патувате на одмор или на некакво деловно патување.

Јарец
Посебно ве радува богатиот емотивен живот. Што е многу, многу е дури и за вас. Прашајте се дали можеби претерувате со изливите на нежност и отвореност кон саканата личност. Веќе утре поради тоа може да паднете во немилост. Разум или чувствителност, најдобро златна средина.

Водолија
Многу Водолии ќе бидат поврзани со јавниот живот. Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и конфликти, најдете поволен момент за расчистување. Задоволство најдете во спортот.

Риби
Работење со различни спортови и работи ќе ви помогне фантастично да се чувствувате. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но имате и преголеми очекувања. Колку сте вие подготвени да се жртвувате? Окупирани сте со себеси и со сопствените барања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>