Top

Хороскоп за петок (06.08.2021)

Овен
Дали понекогаш се прашувате дека постапувате правилно во согласност со својот разум? Кога некои ваши планови не би биле утопистички, би можеле многу лесно да дојдете до нивна реализација. Проблемите секогаш доаѓаат, но вие никако да излезете со конечно решение.

Бик
На околината влијаете моќно и самоуверено, што и не треба да ве чуди со оглед на природата на вашиот карактер. Односите со партнерот се нарушени, па можеби е време да седнете и да ги разрешите основните проблеми кои се иницијална каписла за вашите судири.

Близнаци
Бидејќи навистина се забавувавте во изминатиов период, сега следува активирање на професионален план. Вашата амбициозност е голем чекор во однос на останатите квалитети, па ѕвездите ве советуваат да го искористите тоа и да направите вистински избор.

Рак
Подготвени сте да започнете со нов предизвик и да го остварите она што ви е во план. Кога акцијата и динамиката се во прашање, вие сте број еден. Иако периодот не ви е наклонет за нови запознавање и започнувања врски, едно лице постојано се труди да го привлече вашето внимание.

Лав
Важно е да прифатете нечиј совет, без разлика што имате чувство дека се работи само за делумно решение на работите. Своите емотивни желби ги упатувате на погрешно лице. Погрешно го критикувате лицето до кое не допира вашиот глас.

Девица
И покрај коментарите на околината, свесни сте за своите проблеми, но не сакате директно да и’ погледнете на вистината в очи. Празниците ве чинеа многу, па во периодов финансиската криза ќе биде главниот проблем за вас.

Терезија
Ви значи да оставите добар впечаток кај соработниците, иако мислењето за вас во неколку наврати било доведено во прашање. Најдете начин да ги зачувате вистинските вредности и пренесете го убавото расположение на сите околу вас.

Скорпија
Бидејќи уживате во работата, за вас моментите на одмор значат губење време. Во исчекување важни случувања во вашиот живот, би било убаво да се свртите кон љубовните нешта и да му обрнете повеќе внимание на партнерот.

Стрелец
Вашиот ентузијазам наидува на негативен отпор од страна на вашите соработници поради фактот дека не се сите така упорни да ве следат во вашата цел. Потребно е понекогаш да покажете и тимска соработка за да бидете подобро прифатени. Партнерот постојано е околу вас.

Јарец
Емотивниот живот е проблемот во периодот што следува. Кога ќе успеете да ја покриете материјалната страна, ви се јавува недоразбирање со партнерот, бидејќи се’ правите без да се консултирате со него. Можеби мала раздвоеност добро ќе ви дојде.

Водолија
Свесни сте дека многу работи кај вас мора да претрпат промена, но тешко ви оди да го направите тоа. Многу е подобра опцијата постојано да се жалите на сопствената судбина и да дискутирате со соработниците дека вам ви е најтешко. Сепак, луѓето се оние кои најмногу помагаат.

Риби
За да успеете да ги реализирате целите, потребно е да вложите поголем напор и да пронајдете соодветен начин за решавање. За почеток обидете се да го прифатите лицето во вашата околина кое постојано се обидува да допре до вас.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *