Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (06.06.2022)

Овен
Најважно е да ги реализирате своите амбиции и потенцијали. Во спротивно, болести од психосоматски карактер може да ве загрозат. Тие ве опоменуваат да живеете во согласност со вашата природа. Ако сте на прав пат, нема да имате проблеми.

Бик
Неуморни сте. Секој момент го користите за талкање. Не сакате ни момент да се опуштите и да се свртите кон себе. Нервозата е многу силна, па пожелно е опуштање. Со Лавовите одлично функционирате. Корисен совет: помалку вино и цигари.

Близнаци
Немате баш многу сила, ја истрошивте енергијата. Решението побарајте го во пасивниот одмор со ТВ-програма или книга. Кога станува збор за храната, фрлете се на строга диета. Престанете да се нервирате за работи кои би можеле да се случат подоцна.

Рак
Спласнавте како балон. Мора да научите и да земете здив, и да се свртите кон здравствените проблеми. Некаде грешевте, па тоа се одразува со слабост на организмот. Претеравте во јадењето слатки и неспиењето, преземете нешто, одете на лекар.

Лав
Пред вас се пријатни изненадувања, возбудливи сеќавања, спонтани одлуки. Сите се воодушевуваат на тоа како функционирате со толку голем дијапазон на чувства. Благата тензија е нешто без кое вие не би можеле да си го замислите денот.

Девица
Мисловниот процес е интензивен, па плановите ги спроведувате во дело. Доколку научивте да го користите искуството, а не инстинктите, сите шанси за успех се тука. Во спротивно, ќе бидете изневерени. Ви се нуди решение.

Терезија
Кога би успеале да ги реализирате половина од идеите кои ви се мотаат по глава, би било одлично. Преплавени сте со планови, но нестрпливи сте кога станува збор за нивна реализација. Склоноста кон инфекции ви е нагласена, избегнувајте бакнување.

Скорпија
Вашата чувствителна конституција предупредува на внимание при земањето опијати и лекови. Подложни сте на расположението на околината, па потребно ви е дружење со ведри луѓе. Ако ги послушате советите кои се добронамерни, ќе излезете на крај со вашата ситуација.

Стрелец
Евидентните ограничувања се последица на болест или емотивна загрозеност. Бидејќи се работи за површни манифестации, пожелно е сериозно да го анализирате вистинскиот причинител. Ако сакате да се мачите, го постигнавте саканиот ефект.

Јарец
Поради нешто сте потиштени. Не грижете се, промената на расположението е нормален след на случувањата. Ако мислите дека сте заслужиле повеќе отколку што сте добиле, грешите, не е на вас да судите. Имате проблем со хормоните.

Водолија
Ви годи самотијата. Доколку се наоѓате во друштво, поубаво ви е да стоите настрана и да ги слушате другите. Поради нешто сте потиштени и несигурни. Можеби меѓу редови читате еден Лав. Не анализирајте ги деталите, така само ги комплицирате работите.

Риби
Во храната барате спас од емотивното незадоволство и емотивната неисполнетост. Храната помага во лачењето на хормоните на среќа, а бидејќи до среќа тешко доаѓате по природен пат, спасот е во фрижидерот. Обидете се да бидете што помалку субјективни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>