Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (04.01.2023)

Овен
Имате силна желба за доминација и тоа доста ви успева. Морате да бидете умерени и одмерени повеќе од кога и да е. Внимавајте да не згрешите во некои процени, може многу да се разочарате.

Бик
Со мислите постојано сте насочени кон парите и бизнисот. Тешко доаѓате до целта, но ќе биде така како што сте замислиле. Дејствувате бурно за да го остварите максимумот. Морате да ги намалите потрошувачките апетити.

Близнаци
Во потрагата за разновидност можете да претерате. Размислувајте за патувања ако сакате да бидете задоволни. Немојте беспотребно да се нервирате, потрудете се да ги пронајдете сопствените задоволства.

Рак
Љубопитни сте и упорни, по секоја цена сакате да го добиете она што сте го замислиле. Амбициите ви се големи, но не претерувајте – и без тоа ќе успеете. Желбата за осаменост засега е конструктивна.

Лав
Пред вас е напорен ден. Работите многу, а тоа може да се одрази на здравјето. Доколку се двоумите за некоја работа, потрудете се да се консултирате со некој близок. Крајно време е да му посветите внимание на партнерот.

Девица
Трпеливо ја завршувате секоја обврска. Ви одговара осаменоста така што нема да и’ дозволите на околината да влијае на вас. Размислувате за патување и за решавање на проблемите. Можни се здравствени проблеми поврзани со црниот дроб.

Терезија
Незадоволни сте, ви недостасува цврстина и упорност во она што го правите. Најлесно е да се жалите и да бидете незадоволни. Мора максимално да се ангажирате. Шансите да го постигнете она што сте го зацртале се големи.

Скорпија
Свесни сте дека живеете во заблуди и дека на некои луѓе им оставате погрешен впечаток. Повторно ви се нагласени амбициите. Може да наидете на посериозни проблеми. Насочете се кон решавањето на здравствените проблеми.

Стрелец
Ова е ден на многу активности. Пожелно е да оставите малку време и за одмор. Поседувате одлична моќ на регенерација. Бидете трпеливи кога станува збор за парите. Одете на систематски преглед и проверете ја здравствената состојба.

Јарец
Ве очекува период на разочарувања. Можни се непријатни случувања со лице што го сметате за пријател. Партнерот прави се’ за да ви го загорчи животот. Потпрете се на сопствените потенцијали.

Водолија
Ова е доста смирен период за вас. Ништо не се случува, а, сепак, сте задоволни. Можете да очекувате интересна авантура, која може да прерасне во нешто посериозно. Внимавајте на исхраната и пешачете повеќе.

Риби
Работете напорно и сериозно ако сакате да постигнете резултати. Пречувствителни сте, па затоа може и да се разочарате. Љубовта секогаш ви е во втор план, а тоа е сосема погрешно. Партнерот бара внимание.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>