Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (03.08.2022)

Овен
Различните проблеми или ненадејните промени што се случуваат во вашата средина влијаат врз вас како дополнителен психолошки притисок. Сепак, во ваш интерес е да зачувате дел од деловните врски и контакти. Затоа, прифатете една понуда што може да ви овозможи нова добивка или добра реклама.

Бик
Не ви се допаѓаат новите деловно-финансиски услови и темпото што го диктира вашата околина. Без оглед на вашите способности или на вештината во приспособувањето, нема да бидете во можност целосно да исполните нечии очекувања. Притаено жалите и за некои промашувања.

Близнаци
Вознемирени сте поради нечии коментари и се обидувате да средите едно деловно недоразбирање. За жал, работите се искомплицираа во моментот кога погрешно протолкувавте нечии зборови, покана или понуда. Сега ви преостанува да спроведете брза акција што ќе го спаси вашиот углед.

Рак
Се трудите да обновите некои стари деловни врски, а истовремено барате начини да воспоставите и нови контакти. Бидете одлучни и упорни при средбите со соработниците, зашто конечните резултати зависат токму од вашите залагања и од дипломатскиот такт. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности.

Лав
Изгледате резервирано и ги одбивате новите предизвици, а од посебна важност ви е обидот за поефикасна работа на своите соработници. Неповолната клима нема долго да трае, важно е дека добро ќе се обезбедите за идните договори. Нема потреба од неправедно однесување во љубовниот живот.

Девица
Вложувате голем напор во деловните цели и не криете дека имате големи очекувања. Способноста за добра концентација ви помага истовремено да завршите различни задачи и обврски. Ве очекува добивка и можност за обновување на претходните деловни договори или понуди. Во љубовниот живот ви треба мал поттик.

Терезија
Имате одлична деловна можност која не смеете да ја пропуштите. Затоа, обновете дел од старите врски и приклучете му се на успешниот тим соработници. Најважно е да се определите за варијанта која овозможува проширена соработка или континуирано напредување. Бидете внимателни со вложувањето пари.

Скорпија
Се наоѓате под психолошки притисок, но тоа не ве спречува во потполност да ги исполнувате своите деловно-финансиски намери. По една отворена расправа, ќе имате појасна слика за ситуацијата на деловен план. Проценете добро на кого можете да му верувате, а кој ги загрозува вашите интереси.

Стрелец
Имате нови деловни дилеми, но вашата околина чека ефикасни решенија и добро осмислена акција. Повеќето од соработниците сакаат да се идентификуваат со заедничкиот успех и со задоволство ја прифаќаат вашата покана. Сепак, покажете поголема селективност и променете одредени критериуми во деловната соработка.

Јарец
Изгледате како личност која нема време за случајни средби или настани што не се вклопуваат во вашата сфера на интересирања. Меѓутоа, со енергичното однесување постигнувате спротивни ефекти кај соработниците. Во љубовниот живот се насетува нова неволја.

Водолија
Различните деловно-финансиски проблеми ги попречуваат вашите намери, па затоа размислете за алтернативно решение. Потребно е да се соочите со соработниците кои користат поинакви методи. Во кризните моменти препуштете им ја иницијативата на другите.

Риби
Ве очекува успех или јавна афирмација. Важно е да ги одберете оние работи што ги илустрираат вашите практични способности, вашите креативни идеи или потенцијал. Нема причина да се стеснувате од настап пред лицето што ве тестира. Во љубовниот дијалог бидете доволно мудри и препуштете му го главниот збор на партнерот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>