Top

Островот Мореа, Француска Полинезија

Величествениот остров Мореа (Moorea) се наоѓа на околу 19км од островот Тахити, во Француска Полинезија. Островот зафаќа површина од околу 90 илјади квадратни метри. Со само 12000 жители, темпото на живот овде е многу поинтересно отколку на големиот Тахити. Во однос на обликот на островот, постојат две опции: наликува на срце и наликува на желка гледана од напред. Познат е по своите спектакуларни заливи, Cooks Bay и Opunohu Bay. Овие симетрични близнаци потсетуваат на изгаснат вулкан. Бујните планински падини се покриени со дождовни шуми и насади со ананас, а белите песочни плажи граничат со кристалните лагуни. Највисок врв на островот е Mount Tohivea. Мореа во превод значи „жолт гуштер“, а воодушевува со својот богат подводен свет. Порано овој остров бил нарекуван Аимео или Еимео. Поради своите прекрасни пејзажи, Мореа е еден од најпосетените острови на Француска Полинезија. Најдобар начин за запознавање со овој остров е да се изнајми автомобил или скутер. На овој начин може да се талка по шеќерно белите песочни плажи или во внатрешноста, преку бамбусите и плантажите со ананас. Тивкото спокојство на островот ги смирува сетилата, иако постојат места за забава и рекреација. Најчесто го посетуваат младите брачни парови кои тука го поминуваат својот меден месец.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *