Пркосејќи ѝ на сета логика, 105-тaта по големина земја во светот е исто така една од најпрепознатливите. Куба има свој начин на одење против правилата. Сето тоа е дел од нејзиното историско минато, дел од нејзината динамичност, дел од нејзината вродена убавина.

За патување во Куба не Ви се потребни само пасош, пари и добар здрав ранец. Куба бара флексибилност, креативност, добар хумор, трпение и чувство за авантура. Шпанскиот јазик, иако не е предуслов, несомнено е огромна предност, а ќе ви овозможи да патувате понатаму и да отидете подалеку од просечен турист.

И најпрво: Хавана…
Добрoдојдовте во сензационалниот главен град на Куба. Најдобар начин да ги видите колонијалните згради на Хавана, плоштадите, старите автомобили и уличните музичари е да се движите пешки. Посетете го Plaza de la Revolucion и поминете покрај огромните споменици на легендарниот Че Гевара и Хозе Марти. Дозволете да ве поведе Хавана, од стари автомобили, мирис на пури и со изобилство на салса меѓу нив. Ова патување има сè и ќе Ви пружи незаборавно кубанско искуство.


Плажите во Куба, дефинитивно, ќе ве освојат!
Изборот на плажа во Куба е тешка задача кога ќе помислите дека островот е составен од величествено крајбрежје кое се протега на 5,7км, кое е поделено на 289 природни плажи. Северната страна се карактеризира со плажи со златни песоци и тиркизни бранови на Атлантскиот Океан. Плажите на југот на Куба се помалку популарни меѓу туристите што ги прави совршени доколку посакате тивка изолација.

Автор: odberipatuvanje.mk
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!