Top

КРФ – Градината на боговите

Движејќи се јужно, стигнуваме во соседна Грција, и тоа на еден од островите за кои претпоставуваме сте слушнале, Крф. Тој е еден од поголемите острови во Грција, со површина од 613.6 km² и 110.000 жители. На Крф има повеќе гратчиња, кои се главно туристички дестинации, а најголем и најразвиен е истоимениот град, Крф.
Не само што е најразвиен, тој има и најдлабока историја. За сите оние кои биле или имаат познавање на Венеција и нејзината архитектура, уште кога ќе стапнат во градот Крф, посебно во неговиот стар дел, со сигурност ќе се сложат дека овој град претставува Венеција на Балканот. Тесните средновековни улички, над кои се издигнуваат високи и тесни куќички, со традиционални капаци на прозорите, помешани со мирисот кој го шират многубројните таверни со вкусна храна, ќе ве магепсаат и ќе посакате никогаш да не си заминете.

Општо земено, станбената архитектура која влече корени од Венеција, и цивилната архитектура во која се помешани грчката антика и белезите на римското владеење, се спој кадешто никаде на друго место нема да го видите. Над сето ова цврсто се издигнува средновековната тврдина, позади чии ѕидини се кријат грчки храмови, римски затвори, и на крај модерно кафуле кадешто мошете да испиете вкусно кафе, а притоа да уживате во погледот кон морската шир. На самиот врв од тврдината гордо стои малиот светилник, раскажувајќи ни за длабоката историја, и за сите бродови и флоти кои поминале овде.

Целата оваа историја денес е проследена со вкусно кафе, секако грчко гиро, динамичен ноќен живот и можности за прекрасен шопинг. Доколку се двоумите за вашата следна дестинација, топло Ви го препорачуваме Крф.



Текст и фотографии: iLike.mk


Сакаш да објавиш статија? Контактирај нè!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>