Top
Navagio-Zakitos-Grcija-iLike-mk

Богатството на Закинтос

Полскиот режисер Maciej Tomkow е потписник на ова одлично тајмлепс видео од преубавиот Закинтос. Тимот на Maciej престојувал на Острот на желките повеќе од еден месец. Заедно поминале околу 2.000 километри распоредени во 28 дена активно снимање. Целиот материјал е снимен со апарати од линија на „Canon“, и тоа: 6D, 5D Mark III, 5D mark II и 7D. За крајниот разултат биле потребни 1.220 часови ангажман.

КУСО ИНФО:
Закинтос (или на грчки Ζάκυνθος), а на италијански Zante) е трет по големина од седумте најголеми Јонски Острови. Лежи во јужниот дел на Јонското Море, кое е дел од Средоземното Море. Има површина од 410 километри квадратни, а должината на крајбрежјето е околу 123 километри. Островот е именуван по Закинтос, синот на легендарниот аркадиски шеф Дарданус. Името, како сите слични имиња кои завршуваат на „-нтос“, е предмикенско или пелазгиско по потекло. Закинтос има многу развиен туристички сектор.

Закинтос е дом на џиновските морски желки, а во негова близина се наоѓа најдлабоката точка на Медитеранот. Навагио е најубавата и најатрактивна плажа на Островот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>