Францускиот производител на автомобили РЕНО го претстави концептот за својот нов миленик потпишан како ЗОЕ кој се очекува да биде лансиран на почетокот на 2012-та година кој наместо деривати ќе се движи на акумулирана електрична енергија. За целосно полнење на автомобилот ќе бидат потребни од 6-8 часа и со истата енергија ќе можете да поминете 160км, движејќи се со брзина од 60km/H.





ЗОЕ ќе биде долг 4 метри, а тежок 1392кг со максимална брзина од 135km/H. Потребното време за забрзување од 0-100km/H е 8,1 секунда.

Новитет ќе биде и клима системот кој ќе овозможи оптимална влажност за човековата кожа и специјална капсула за пријатен мирис.


Мора да признаете дека ЗОЕ изгледа премногу футуристички.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!