Сакате да го поседувате Монако на 150 метри квадратни? Ова задоволство ќе Ве чини “само” 840 милиони евра со вклучени дозволи за пловење по целокупната водена површина на Земјинава полутопка и пристап до сите пристаништа во светов.

Британското дизајн студио “Yacht Island Design” создаде концепт за јахта на која ќе бидат поместени сите одбележја автентични за Монако, меѓу кои и неизбежната F1 тркачка патека. Луксузот го дополнуваат базените, спортски игралишта и казино.

“Улиците на Монако” има капацитет за 86 луѓе. А, трошоците за нејзино годишно одржување се проценуваат на 10.000.000 евра.


![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!