Со малите димензии, незагадувачки, забавен и футуристички дизајн, AIRPod претставува пресвртница во областа на урбаните возила. Автомобилот AIRPod е еко-пријателски автомобил чиј мотор функционира на компримиран воздух. Дизајниран е од MDI, а ќе биде произведен и продаван од индиската компанија Tata Motors. Стандардната верзија е наменета за превоз на лица. Таа верзија има четири седишта (за тројца возрасни и едно дете) и има простор за багаж. Наместо на обичен управувач, ќе се управува со џојстик. Моментално овој автомобил е во фаза на развој, а наскоро би требало да започне сериско производство на истото. Се очекува неговата цена да изнесува 10 000$.









Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!