Top
Дневен хороскоп

Викенд хороскоп (30.11-01.12.2013)

Овен
Сакате да се изборите за подобра деловна позиција и изгледате многу убедливо пред соработниците. Имате интересни идеи, ама потребно е одредено времо условите да се променат во ваша корист. Важно е да се адаптирате на разни создавачки фази. Постојат обврски кои бараат примена на нови методи, но со почитување на зацртаните правила.

Бик
Поради добрите деловно-финансиски процени и детални планови, се очекуваат дополнителни резултати. Важно е сите работи да ги држите под строга контрола и да се консултирате со доверливи соработници. Нема потреба наивно да верувате во интимна среќа која доаѓа ненадејно. Не бидете субјективни во однос на партнерот.

Близнаци
Соработниците постојано ви забележуваат дека личните интереси ги ставате во прв план или дека често спроведувате самоволие Сепак, заострената атмосфера ќе ве натера повторно да ги намирите финансиските обврски. Сакате да се наметнете како авторитативна личност во друштво на саканата личност.

Рак
Многу сте горделиви и не сакате да зборувате за проблемите кои ве оптоваруваат, но така само си ја отежнувате ситуацијата. Обрнете внимание на својата здравствена состојба и избегнувајте ситуации кои ве изморуваат психички. Во љубовниот живот, нема причина да се лажете со големи илузии или нечии ласкави ветувања.

Лав
Умеете да ги наметнете своите ставови, дури и во ситуации кога околината не покажува посебно интересирање за нови и современи идеи. Јасно го изразувате своето емотивно расположение и задоволство кога се наоѓате во убаво опкружување. Партнерот сака да ве наговори на своите планови.

Девица
Информациите со кои се служите не се цврста гаранција за деловен успех, но вас не ви пречи да преземете и некој степен на ризик. Понекогаш треба да се има јасна визија и истенчено чувство за нови потези, деловните правила и условите многи бргу се менуваат. Имате впечаток дека некој го контролира вашето однесување.

Терезија
Со забрзани методи се обидувате да завршите некои паралелни работи. За жал, немате доволно трпение за соработниците кои го забавуваат деловниот договор. Потребно е да остварите нови контакти како основен услов за понатамошно професионално напредување. Внимателно анализирајте го својот љубовен живот и имајте оптимистичка визија.

Скорпија
Продолжете да поттикнувате креативност во идеите, но немојте да се откажувате од материјалните резултати. Вашата добитна комбинација е спој на убавите и корисните работи во различни правци. Поради сомневањето кое го имате ви недостига почетен занес или емотивна храброст.

Стрелец
Наместо да се натпреварувате и надмудрувате со луѓето, обидете се да го промените вашиот стил на однесување. Потребен ви е семеен мир за да го усогласите својот ритам и да остварите целосна психолошка рамнотежа. Сакате да импресионирате една драга личност, но избирате ситуации и претерувате во изразувањето на своите чувства.

Јарец
Ви се допаѓа сознанието дека соработниците имаат доволно доверба во вашето сознание или способност. Распоредете ги своите обврски по категории на важност и исплатливост, не се заморувајте со некои споредни работи. Разубавете го љубовниот живот, потрудете се да изгледате занесно и привлечно пред саканата личност.

Водолија
Нема причина да ги преценувате личните можности, постојат ситуации кои ги преминуваат вашето практично знаење и искуство. Деловниот успех се сведува на добро планирање и на договор за заедничките интереси. Доколку сакате да се смирите со саканата личност, употребете ги своите скриени адути за да оставите добар впечаток..

Риби
Потребно е да ги испланирате различните детали, кои дејствуваат поттикнувачки на околината и наедно ја поткрепуваат заедничката визија за успешна соработка. Јасно ви е дека завршната фаза во работата има одлучувачко значење. Сакате нова и возбудлива љубовна романса. Слободно фантазирајте, бидејќи се наоѓате во друштво на личност која ви се допаѓа.

Извор: Утрински


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>