Top

Торнадо од пластика

Дали некогаш сте се почувствувале како да живеете во буквален неред и сте посакале целиот тој отпад чудесно да исчезне? Пекингшкиот артист Ванг Зијуан е тука да ни помогне да согледаме како вртлог од ѓубре би изгледал во едно дело наречено ”Thrown to the wind” (Фрлено во ветрот). Проектот изгледа како нова идеа отпадоците да бидат однесени кон небото, но за жал тие се сеуште тука, со нас на Земјата.

Торнадото од пластични отпадоци на Ванг е високо преку 10 метри и го претставува количеството на смет во неговиот град. На прв поглед, оваа гигантска кула од ѓубре изгледа шарена и интересна, но во себе носи една многу важна порака: сериозно да се сфати проблемот со пластичниот отпад.



Автор: Willa

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *