Top

Приказната за собата со графити

Хотелот Au Vieux Panier во Марсеј, Франција има интересен концепт на работа, овозможувајќи им на артистите нивните хотелски соби да ги користат како свое тродимензионално платно. Дизајнот на сите соби се менува секоја година, а притоа се распишува конкурс на кој се избираат најдобрите шест. На артистите им се дава неверојатна шанса, а исто така и на посетителите кои буквално можат да престојуваат во едно уметничко дело, и на еден поинаков начин да ја доживеат уметноста.
Собата која до половина е со графити е една од овие уникатни уметнички дела, а подолу можете да погледнете фотографии и од други, како на пример “Собата за паника”.




1 Коментар

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *