Top

Ресторан на дрво во Нов Зеланд

Лоциран на работ на шумата Redwood, со отворен поглед на многубројни ливади и потоци, овој необичен жолт ресторан е магична интеграција на функцијата и природата. Овој проект има освоено многу награди, меѓу кои е New Zealand Institute of Design – BEST Awards, а влезе и во финалето за World Architecture Awards 2009.

Бидејќи е изграден на приватно земјиште, влезот е дозволен само со претходна резервација. Просториите за јадење се сместени горе на дрвото, а просторијата за спремање на храната е сместена на приземје. Ресторанот како проект беше дел од рекламна кампања за Yellow Pages, a стартуваше во октомври 2009 година и веќе во првите денови имаше повеќе од 500 резервации. За жал денес не е отворен за јадење, единствено се издава за забави, состаноци и сл.



Автор: Willa

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *