Фотографот Gaby Herbstein во соработка со карикатуристот и илустратор Pablo Bernasconi дошле до оригинална идеја за подигнување на еко културата на луѓето ширум светот. Тргнувајќи од фразата “секој отпад не е ѓубре” ги создале овие интересни постери со силна порака кои подоцна се публикувани во форма на календар. Тие всушност сакаат да укажат дека одредени работи кои секојдневно ги употребуваме, трошејќи ја нивната вредност и условно кажано претворајќи ги во “ѓубре”, со одредени механичко – хемиски процеси може да се рециклираат и повторно да станат употребливи. Истите можат да им послужат на нашите наследници, токму затоа Gaby и Pablo ги фотографирале овие слатки мали клинци кои ги симболираат идните генерации.











Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!