Top

ОРКЕСТАР Б.Б. под светлата на THEATRA

Theatra, првиот независен театар со свој простор го гради и збогатува својот репертоар. Водејќи се по својата основна цел – отвореноста на театарската сцена, покрај редовната хит претстава, Мизантроп, веќе овозможува гостување на победничката претстава со 2 први награди на FIST 2010 година.



Оркестар Б.Б. (Бертолд Брехт) може да се разбере како еден коментар што си поигрува со политичките, социјалните и воопшто стереотипите кои произлегуваат од меѓучовечките односи. Игра голема актерска екипа која лесно развива апсурдни ситуации кои зборуваат за стварноста што не опрукужува и точно ја отсликуваат сегашната политичка локална и глобална хаотичност. Преку музика и сонгови сето ова е исполнето од: Мирослав Петковиќ, Ненад Митевски, Атанас Атанасовски, Тина Трпкоска, Наташа Петровиќ, Кристина Ласовска, Марија Стефановска, Ана Кафкалеска, Катерина Аневска, Катерина Чакмакоска и Слаѓана Вујошевиќ. Режијата е на Владо Цветановски и Мими Таневска.

Во интимниот простор на Theatra претставата само добива на динамичност и интеракција. Публиката навистина има можност непосредно да ги доживее сцените. Оркестар Б.Б. несекојдневно прецизно прозвучува и изгледа. Спојот на независниот принцип на работа и отвореноста кон клучните современи проблеми е она што нема да ве остави мирни на театарските столчиња и ќе го поттикне вашиот аплауз.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *