Top

МИЗАНТРОП е шармантното дете на новиот скопски театар – Theatra

Мизантроп, драма на Молиер, е не случајно избрана за првата претстава на новиот независен театар и театарска продукција Theatra. Колку и да го познаваме овој текст како еден од класиците треба исто да знаеме дека е класик на сите времиња. Своето време на појавување го надминува со содржина и динамика кои апсолутно одговараат и на денешниот живот. Идејата е да се доведе во форма, театарска форма што ќе ги заживее овие квалитети и ќе го направи актуелен.



За тоа се грижи една голема екипа водена по едно начело: Добрата идеја победува! Играат актерите, Атанас Атанасовски, Наташа Петровиќ, Бојан Кирковски, Стефанија Зисовска, Билјана Драгиќевиќ- Пројковска, Диме Илиев, Александар Вељановски, Никола Настоски и Кирил Андоновски. Koстимите ги изработи Ивана Кнез, сценографијата е дело на Викторија Ланговска, музиката на James Russell, дизајнот на светлото на Петар Кочишки. Дизајнот на плакатот е на Магдалена Дилевска, за маркетингот е одговорна Ива Дујак. Драматург на Мизантроп е Горјан Милошевски, режисер, Билјана Радиноска и продуцент, Марија Зафирова. Фотографиите ги сними Жарко Чулиќ.

Кога ќе влезете и седнете на театарските столчиња не треба да останете рамнодушни. Темпераментниот дух на француската комедија ви зборува со современ јазик и ве тера да се смеете, но и да се лутите на човековата завист и лицемерие. Мизантроп е како палаво шармантно дете кое не може, а да не ја извлече вашата насмевка исто колку што и ќе ве намурти. Тоа е најдобрата идеја што ја водеше ова креативна екипа. Да ве намурти така што ќе посакате да застанете со актерите и да исправате ситуации, проблеми, да откриете тајни за да помогнете на ликовите заглавени во хипокритична лудница. Значи целта беше да се постави претстава што најдиректно комуницира и во текот на 90 минути постојано ги држи гледачите будни.

Својата премиера ја доживеа на 27ми април на бул. Кочо Рацин 19А во Скопје, со почеток во 20:30 часот, публиката ќе има чест да ги почувствува овие тенденции на новиот драмски импулс – Theatra.

iLike.mk во соработка со Theatra ќе додели по две гратис влезници за Мизантроп чие следно играње e закажано за 24-ти и 25-ти овој месец. Вашето име и презиме го очекуваме на gratisi@ilike.mk. Добитниците ќе бидат известени на меил.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *