Оваа одлука едногласно ја донесе жири-комисијата во состав: Антони Мазневски (претседател), Благоја Варошанец (член) и Мира Гаќина (член). Остварувањето на Јосифов, комисијата го смета за најубедливо достигнување, иако заклучи дека на изложбата има и повеќе дела со високи вредности. Наградата авторот ќе ја реализира со средства што ќе бидат одобрени од Министерство за култура.

Игор Јосифов е роден 1986-тата во Кавадарци. Дипломирал на Академијата за уметност во Сaн Франциско, 2009-та година. Самостојно изложувал во Сан Франциско, Беркли, Чикаго, Њујорк, Париз, Ширјах. Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Дел е од проектот на Марина Абрамовиќ “The Artist is Present”, Њујорк. Студиски престојувал во Watermill Center – Њујорк, а во моментов живее и работи на релација Сан Франциско – Париз.




Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!