Top

фОнтастична (б)у(квo)топија

Иван Дургутовски е млад македонски графички дизајнер, постдипломец на Факултетот за Арт и Дизајн на Европскиот Универзитет. Работи во областа на графичкиот дизајн и визуелните уметности и бил дел од повеќе групни изложби и креативни работилници. Типографијата е неговото главно поле на интерес и истражување.

Неодамна беше актуелно неговото учество на интернационалната виртуелна изложба во чест на режисерот Стенли Кјубрик, организирана од Националната кинотека на Франција.



Основната цел на овој проект е создавање на една, пред сé, лична метафизичка утопија за знаењето, незнаењето и непознатото, во која писмата со кои се поистоветува авторот стануваат реални личности. Преку кратките текстови на еден креативен и нестандарден начин се обработуваат прашањата за вечноста и постоењето, животот и смртта, запознавањето и спознавањето на себе си, писменоста и естетиката, убавината и уметноста. Секоја картичка претставува засебна приказна, искуство на авторот, доловено преку слика, а потоа истата преточена во текст.

Доколку имате некое интересно хоби, дизајнирате, фотографирате, правите нешто несекојдневно и необично,.. пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *