Top

Бела библиотека

Холандската фирма UNStudio ги претстави своите закривени ѕидови и таванот обложен со светилки во оваа галерија во Менхетен, во која се внесени функции на библиотека, студио за работа и живеалиште, на еден колекционер на уметнички дела. Новите ѕидови кои се закривуваат низ долгата и широка галерија се употребени за закачување на уметничките дела или пак како простор за чување книги на само-осветлени полици. 18.000 ЛЕД диоди се поставени зад светлосните дифузори кои се движат низ таванот за да обезбедат локално и амбиентално осветлување во различни нијанси. Постоечката фенестрација е заменета со прозорци од под до плафон, со цел да се зголеми погледот кон центарот на Менхетен.



Автор: Мила Габунија




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *