Прекрасен роман за проклетството и благословот на бракот помеѓу Вилсон и Џејн, ќерката на Ноа и Али од „Страници за нашата љубов“.
Според Вилсон, тие се обични луѓе, кои имале обичен брак и воделе обичен живот, но толку многу различни еден од друг, што никој не би помислил дека воопшто би застанале пред олтар, а камоли и да поминат три децении заедно.
Растејќи во семејството на Ноа и Али, Џејн е премногу емотивна, романтична и сентиментална и им придава важност на сите работи поврзани со љубовта, без разлика колку ситни му изгледаат тие на Вилсон, кој пак, не дека не чувствува, туку едноставно не може да ги покаже своите чувства.
Но, после речиси триесет години од нивниот брак, еден навидум ситен инцидент ќе го натера Вилсон да размислува за нив двајца, за нивната љубов и да се запраша дали луѓето се менуваат со текот на времето, дали Џејн го сака уште колку што тој ја сака неа, како се оддалечиле еден од друг и како се нашле во ситуација на оттуѓеност.
Романот е инспириран од секојдневието и е толку реален и вистинит – приказна за многу парови, кои откако ги израснале своите деца, се нашле во празен и тивок дом, без да имаат што да си кажат еден на друг.
Но, Вилсон, чијашто љубов со текот на годините станала уште подлабока и поинтензивна, ќе мора да се обиде да го промени тоа, особено сега кога и нивната ќерка е пред брак. Ќе се обиде по советот на Ноа, да прави Џејн да се заљубува во него одново и одново.
Ако за љубовната приказна на Ноа и Али не можевте да не се запрашате дали е ова возможно или е резервирано само за неколку „благословени“ души, за оваа приказна знаете дека може секому да му се случи, но и да си речете дека секој може и мора да се труди да ги задржи страста, љубовта и пријателството во својот брак, без разлика колку тој брак постои.

Статијата ја напиша: Anelim
Извор: sakamknigi.mk
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
aaaaaa,edvaj cekam da ja prevedat! ne se somnevam deka ke bide ubava kako Stranici za nasata ljubov! <3