Имено, станува збор за уште еден дел од серијата книги на брачниот пар Алан и Барбара чии дела станаа интернационални бестселери. Искрено, се израдував кога ја видов…
Зошто мажите сакаат секс, а жените бараат љубов е уште книга која ги прикажува двете страни од една иста приказна. За сексот во оваа книга се вели, Исти цели, но различни мотиви.
Сексот во книгата е спореден со воздухот, Не е важен сѐ додека не почнете да не го добивате. Ги обожувам Алан и Барбара, тие се толку искрени и истовремено толку забавни.
Нивните книги не се само „млатење во празно“. Тие зборуваат со бројки, статистики, а истовремено раскажуваат толку просто што не е можно да не ги разбереш што сакаат да кажат. Најверојатно убавината и реалноста на нивните книги се должи на тоа што книгите ги пишуваат заедно, еден маж и една жена, по еден претставник од секој пол. Едниот ја раскажува својата верзија, а потоа другиот го надополнува тоа со своето гледиште од другата страна.
„Што е тоа водење љубов? Тоа е нешто што жената го прави додека мажот ја… “ е една од бројните шеги, забавни, а вистинити кои може да се сретнат низ книгата. Читањето никогаш не било позабавно. Наместо обично читање на страниците тие внесуваат интеракција и забава во своите книги, на пример во оваа книга некаде на средината има квиз. Квиз за рејтингот за парење – кое е вашето место на пазарот? Квизот можете да го одговарате директно во книгата (има оставено празни места) секако доколку не сте freak како мене кој не сака ниту да ги свитка книгите, а не па да пишува по нив. Одговарајќи на прашања за вашата телесна маса, за вашите хигиенски и сексуални навики и слични прашања доаѓате до својата „пазарна вредност“.
Мажите не можат да водат љубов и истовремено да одговарат на прашања, па затоа ве молам, без зборување. На секоја страница ќе најдете по некој ваков смешен коментар кој всушност во голем дел е вистинит.
Листата на мажи за партнерки за кратка врска:
1. Привлечна
2. Добро тело
3. Гради
4. Задник
5. Карактер
Има ли потреба дополнително да Ви зборувам за оваа книга и да продолжам со пишување на извадоци од нејзините страни? Мислам дека нема. Едноставно ќе Ви кажам дека секој оној кој уживаше во претходната нивна книга, ќе ужива и ќе се забавува и со оваа. Потенцирам, ова не е книга која ќе Ви открие некоја голема тајна која до сега не сте ја знаеле или пак ќе Ве научи на нешто ново, можеби и ќе научите или дознете нешто ново, но пред сѐ, ова е книга која ќе Ве забавува и насмее до солзи.

Статијата ја напиша: Ивана Николовска
Извор: sakamknigi.mk
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
odlicno e