Top

Купохоличарката и нејзината сестра

Добродојдовте повторно во светот Блумвуд! Одиме со уште една епизода од најзабавната, најсмешната, најженската приказна на 21 век…

Со десетмесечниот меден месец, бракот на Беки и Лук почнува совршено… Освен неколкуте ситни лаги што Беки му ги кажува на Лук, а за кои мисли дека некако ќе може да ги среди на свој начин.

И во овој дел од серијата, продолжуваат незгодите во кои се сплеткува Беки, а сѐ почнува од една Angel чанта – добро не баш било која чанта, туку најпосакуваниот моден додаток, а и секако за Беки, чантата е инвестиција, бидејќи нема д а мора никогаш повеќе во живпотот да купи облека бидејќи со таа чанта сѐ ќе одговара… Беки Блумвуд да не купи облека никогаш ??!

Но тоа не е сѐ… Кога ќе сака да ги изненади сите – таа ќе го добие најголемото изненадување во животот – има сестра. Две Блумвуд сестри??? Дали е можно да има уште една како Беки?

Сите продавници во светот би требало да обезбедат повеќе слободни гардероби по тој повод и за да можат да ги задоволат шопинг потребите на двете сестри…

Но, Џес и Беки не може да бидат поразлични, а тоа секако е рецепт за многу интересни ситуации. Сестрата на Беки МРАЗИ ШОПИНГ? Сестра на Беки  Е ЦИЦИЈА?

Дали бракот може да биде забавен како купувањето? Дали е она што Беки и Лук го очекуваа кога изговорија „Да“? Ги менува ли бракот луѓето? Може ли Беки да живее со ограничен буџет кога штедењето е толку здодевно, а таа е најзабавната девојка?

И покрај недоразбирањата во бракот, Беки е решена да воспостави вистински сестрински однос со Џес, а ќе проверите каде ќе ја однесе таа решителност. Забавувајте се кога читате како Беки се справува со секојдневните проблеми, а и со оние несекојдневни во кои сепак, сама се вмешала. За среќа, сега има и сестра која сепак ќе застане позади неа откако ќе увиди дека е невозможно да не ја сака оваа прекрасна и ведра девојка.

Статијата ја напиша: Anelim
Извор: sakamknigi.mk




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>