Top

КРИВ ПРАВЕЦ – Дитас

Знам дека голем дел од Вас не го сакаат Дитас, знам. Некои не го сакаат едноставно затоа што е наш автор, други поради тоа што неговите книги до некој степен се вулгарни, трети не го сакаат затоа што се потресени од неговите приказни и така натаму… Но, мене ми се допаѓаат дел од неговите книги без разлика на сè. Ми се допаѓа реалноста и искреноста, тоа што не ги затвора очите пред лошите работи кои никој не сака да ги види и да признае дека постојат насекаде, па дури и во најнормалните семејства. А постојат, оф да, верувајте…

Секоја девојка сака убава облека, сака патувања, екскурзии, забави, летни одмори… секоја сака, но не секоја има и може да си дозволи. А колку далеку е подготвена да оди за да го добие она што го сака? Или колку далеку животот може да не натера да одиме?

Оваа млада девојка нема многу, нејзиното семејство нема многу без разлика што таа заслужува да ѝ се даде сè. Таа е воспитана, фина и културна. Таа е скромна девојка која си ги извршува своите училишни обврски, која убаво се однесува со своето семејство и своите пријатели.

Но животот нема убава приказна за неа… Животот ја тера да донесе одлука која не може да ја повлече назад. Во еден тежок момент, неа очајно ѝ се потребни пари, пари кои ги нема. Тука започнува нејзиниот живот како проститука, наивно и беспомошно… Таа почнува да талка во еден нов свет кој не го познава.

Пијани мажи кои жените ги чекаат дома, пари повеќе отколку што некогаш видела, скап алкохол и цигари, коли и дрога, секакви мажи од секакви религии и вери, стари збрчкани тела… Секако дека не ужива во тоа и секако, ќе плати уште повисока цена за своите гревови на кои беше приморана против своја волја.

Сцените во оваа книга се oпишани „без влакна на јазик“. Зборовите со кои овие стари ѓубриња ѝ се обраќаат на оваа млада девојка, работите кои тие ѝ ги прават… Што сè постои на овие свет, какви гадости Господе?

Нејзините родители забележуваат дека нешто чудно се случува, сите забележуваат, но никој не може да ја врати назад. Никој не може да го врати времето назад до она невино девојче кое немаше ништо, но имаше безбеден и нормален живт.

И нормално, како може да заврши оваа приказна? Сигурно дека нема happy ending… Знам само дека читајќи ја оваа книга, ќе посакате никогаш да немате ќерка и ќе помислите дека е подобро да имате синови… но тоа мислење ќе Ве држи само додека не го прочитате Крив правец 2…

Статијата ја напиша: Ивана Николовска
Извор: sakamknigi.mk




8 Коментари

  • Martin Kostovski вели:

    А кај може да се најдат сите дела од Дитас? Како помал, ги исчитав, ама нз сега каде да ги најдам. Ако може помош. =)

  • Владимир вели:

    Книгава е ЗАКОН !!!
    ја имам читано уште пред 6 години…
    по препорака на класната раководителка.
    Во секој случај, добар писател !

  • honney be вели:

    ja knigava ja iam najdeno na klupa nadvor i odma zemav da jachitam ednostvarno preubava e!

  • Леа вели:

    Книгава ја читам по 5 пати во годината и никогаш не ми е досадна, секогаш кога имам време си ја земам и пак ја пречитувам, оваа заедно со деца на ѓаволот кој е слична приказна ми се едни од омилените книги кој во секој момент би ги прочитала

  • Ivan Daniloski вели:

    jas obozavam da citam,a knigive od covekov ke gi najdam i ke gi procitam bash deka bile zabraneti nekogash!

  • Фросина вели:

    Заборави да пишеш дека поголем дел од луѓето што не го сакаат Дитас, имаат таков став затоа што прочитале нешто со поголем квалитет од неделен хороскоп и поради фактот што книгите на Дитас се шунд, не го заслужуваат ни епитетот литература и немаат ни зрнце уметност во нив.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *