Top

Индиго Бомбај

Долги, индиски денови. Уште подолги, индиго ноќи. Странкиња во Бомбај изгубена далеку од хотелот, или повикана од некого за да пронајде… Што има зад превезот на обичниот живот, таму кај што не може да довиди? А, што има, пак, над него, до каде што нејзиниот ум не успева да довтаса? Од кого е повикана? На што треба да се сети? Кој ќе и го покаже патот до… И со која цел?

Индиго Бомбај: табуизирана, многу чувствителна тема, недопрена од нашата литература. Што разлазува морници, но и вознесува од восхит. Таинствен копне` што повикува на заумни патувања. Заборавени долгови што обврзуваат да бидат оддолжени. Случајности што не се тоа. Чудесни љубови. Препознавања на двојници по крв. Загадочни средби. Разделби без разделувања…

Роман – сочно животен и недофатно мистичен. Драматичен. Возбудлив. Тревожен. Успокојувачки. Тажен и радосен. Длабок и висок. Темен и светол. И доживеан низ лично искуство. Затоа вистинит.

Индиго Бомгај од авторката на хималајската приказна Каменот од твојот ден, добитник на Рациновото признание за најдобра прозна книга во 2005 година.

Статијата ја напиша: Ана | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>