Vivian Maier е родена во Њујорк во 1926-та, поголемиот дел од младоста го ппоминала во Франција, за во 1951-та повторно да се врати во Њујорк, каде останала да живее пет години. Шетајќи низ улиците на Њујорк, таа непрестајно фотографирала, врежувајќи го секојдневниот живот во Њујорк од тоа време во својот фотоапарат. Подоцна заминала за Чикаго, каде живеела 40 години.
Се до 1990-тите, таа зад себе оставила околу 100.000 негативи, од кои поголемиот дел не се ни развиени. Таа никогаш не ги споделила своите фотографии со другите, оставајќи стотици ролни од неразвиени фотографии.
Педесет години подоцна, поточно 2007-та година младиот John Maloof купува неколку ролни од нејзините филмови за мала сума, мислејќи дека тоа се фотографии од Чикаго. Развивајќи, ја открил неверојатната колекција на Maier, претставувајќи ја на целиот свет.
Годинава, на 17-ти ноември е закажано издавањето на книгата Vivian Maier: Street Photographer , а за наредната година и изданието на Finding Vivian Maier.















Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!