За овој проект самата Хајди ќе рече: “Јас бев седмо одделение во 1970 година, кога мајка ми се врати на работа. За мене тоа беше трауматично искуство со самото враќање од училиште во празна куќа, како и помислата дека досегашниот најдобар другар наеднаш има други поважни проритети од мене. Мајка ми ја играше улогата на мајка, сопруга, ќерка, работник, независен мислител, хостеса, готвачка, домашен сметководител, тутор на своите деца, одржувач на домаќинството и сето тоа без да дозволи да и се згрутчи маскарата. И самата јас, движејќи се низ мојот возрасен живот и соочувајќи се со тон обврски, започнав не само да ја разбирам мајка ми и нејзината одлука да се врати на работа, туку почнав да ги гледам со големо почитување сите супер-жени во светот, кои успеваат со сите дадени улоги во животот да се снајдат и да бидат добри во тоа, посебно мајка ми која беше неверојатна жена!“.
Не е за бадијала кажаното “Сликата заменува 1000 зборови”, затоа уживајте во галеријата фотографии од оваа талентирана ЖЕНА и одговорете си го прашањето на самите себе си: Која е “супер-жената” во вашиот живот?















Автор: Вања Кочовска
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!