Top

Фотографиите на Димитрина Василева

Димитрина Василева е млада и талентирана фотографка која живее и работи во Варна, соседна Бугарија. “Додека моите врснички од маалото си играа со кукли, јас држев фото-апарат во рака” – изјавува Димитрина. На нејзини 9 години за делото “моја кукла” ја добива првата награда “знаме на мирот”, која ја доделува Меѓународното детско собрание. “Тоа е всушност и клучниот момент, за мојот живот да го посветам на фотографијата” – додава таа. Потоа следат низа признанија и награди со кои се закитува Димитрина.

Генерално, Димитрина Василева сака да фотографира портрети за кои смета дека се силно емотивни и одраз на некоја личност за некоја ситуација и време и актови од кои умее да создаде вистинска уметност.

Моментално фотографира со Nikon D700, а ова е последната нејзина галерија со фотографии реализирани при нејзината туристичка посета на Азија и Африка. Уживајте.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *