Top

Врата – разбудете го креативниот дух!

Примарната функција на вратата како елемент во домот на сите ни е јасна. Меѓутоа, при изборот на мебелот и боите во домот, многу често вратите од просторот ги оставаме во втор план, сметајќи ги како неизбежен дел од концептот на еден дом и помирувајќи се со фактот дека на тоа поле и не може којзнае колку да се поработи. Што би кажале на идејата за внесување креативност во изборот и декорирањето на вратите, притоа давајќи им малку повеќе акцент? Потенцијалот постои… Дали ќе се работи за влезна врата, ентериерна лизгачка врата, стаклена преграда, врата од детска соба, дали ќе играте со само со бојата на вратата или ќе се решите за самолеплива облога, дали ќе одите до таму да внесете имагинација и во начинот на отвoрањето… нивото на креативност зависи од вас. Можеби сте за интензивни бои, или пак, за вас вистинската естетика е во минимализмот? Една латинска поговорка вели “De gustibus non est disputandum” (Во слободен превод: “За вкусовите не трeба да се дискутира”), затоа погледајте некои од идеите кои денес веќе се нудат на пазарот и изберете го вашиот фаворит.



Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *