Пред околу 30-тина години Бразилката Розе-Мари имала локална пекарница во малото гратче Кирутиба, во која пробувала и развивала разновидни рецепти, со цел пред сè, да овозможи средства за да ја одгледа ќерката Симон. Времето минувало, Симон растела и уште во тинејџерска возраст се приклучила во бизнисот на својата мајка, внесувајќи многу креативност во изработката на слатки и торти и давајќи им една нова, досега невидена димензија на класичните рецепти на Розе-Мари. Денес, 30 години подоцна, овие две жени се едни од најбараните во цела Латинска Америка и пошироко, кога станува збор за венчавка или било каква друга прослава од тој ранг. Нивниот стил е веќе далеку препознатлив, а освен слатките и тортите, дијапазонот на декорирање достигнал степен на комплетно декорирање на прославата, со раскошни букети, чоколадни фонтани, богато украсени лустери, уникатни фигури врз тортите и амбиентална светлина, претварајќи ја секоја веселба во едно незаборавно доживување. Елеганцијата и софистицираноста се секогаш присутни, а нивното мото е “Aula Para Terminar” (“Класа до крај”).

















































Автор: Вања Кочовска
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!