Top

Налепници кои раскажуваат приказна

Претходно имавте можност да ги видите интересните налепници за прекинувачи и оние кои беа наменети за ѕидови. Овој пат погледнете ги налепниците кои раскажуваат приказна.

МОМЦИ КОИ ЈА ПОТПИРААТ РАБОТНАТА МАСА
Ви треба некој кој ќе ја задржува вашата работна маса? Овие момци се совршени за таа работа. Тие работат 24 часа и можете да бидете сигурни дека вашата маса ќе остане на своето место. Навистина смешна и забавна идеја.


ПЛАНИНАРИ НА ЅИДОТ
Силуети на алпинисти кои се искачуваат по ѕидот одлично се вклопуваат покрај куп книги или пак столна ламба. Со минијатурни подвизи изгледаат како навистина да се искачуваат по нив.

ЅИДЕН ЧАСОВНИК
Ако сакате оригинален ѕиден часовник, еве навистина интересна идеја. Ваквиот часовник е комбинација на стрелките со механизмот и налепница со броеви на ѕидот. Броевите имаат различни форми и се поставуваат на различни начини, а тоа му дава необичен и оригинален изглед на часовникот.

ГЕНЕРАТОР ОКОЛУ ПРЕКИНУВАЧОТ ЗА СТРУЈА
Antoine Tesquier Tedeschi е дизајнерот на оваа оригинална налепница која се поставува околу прекинувач за струја. Таа има за цел на забавен начин да потсети на важноста за заштеда на електричната енергија.

ЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА
Julia Wolf е дизајнерот, а Diz Decor ја создале оваа налепница која го илустрира патот на енергијата од електричната централа до уредот.

ГЛУВЧИЊА ПО СКАЛИТЕ
Глувчиња кои бегаат под скалите се интересна налепница која може да се искористи за Ноќ на вештерките, и секако е наменета за американскиот пазар.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *