Top

Кој стои зад ентериерите во Gossip Girl?

Кога ќе се спомне “Gossip Girl” асоцијација секако во прв момент ни е модата, како многу битен сегмент од карактерите на ликовите и, за многу фанови пресуден елемент, поради кој оваа тв серија со години опстојува и руши рекорди во гледаност. Меѓутоа покрај високата мода, не може, а да не се забележат луксузните ентериери во кои се одвива дејството, што и даваат на серијата еден дополнителен гламур и недостижност, правејќи ги притоа обичните гледачи да се чувствуваат дека ова е една и единствена шанса да ѕирнат во животите на високо ситуираните семејства од Upper East Side.

Одговорот на прашањето кој стои зад дизајнот на ентериерите во оваа тв серија е Кристина Тонкин. Интересно е тоа што Кристина доаѓа во светот на дизајнот преку телевиските серии и филмови, пред тоa нема искуство како дизајнер за уредување ентериери, меѓутоа со многу труд и работејќи покрај познатиот Џереми Конвеј, успева да го испече занаетот и да се пробие до дизајнер од холивудски ранг. Како прва посериозна работа на ова поле е 6 годишно работење на сетот на култната тв серија “Сексот и градот” (Sex & the City”), па кога баралe дизајнер за новата хит серија “Gossip Girl” изборот не случајно паднал повторно на Кристина. Ќе се сложиме мислам, дека работата ја завршила доста успешно, доловувајќи ни ја раскошната страна на Upper East Side, па без разлика дали е вистинито или не, сите посакуваме да сме барем за момент дел од тоа филмско секојдневие.



Еве ги ентериерите на омилените ликови од “Gossip Girl”:

1. Резиденцијата на Chuck Bass, сместена во Empire Hotel – во прилог на овие фотографии се прикажани собата за дневен престој, кујната и спалните соби на Chuck и Nate.

2. Домот на семејството Humphrey во Бруклин.

3. Резиденцијата на семејството Van der Woodsen – прикажан е дневниот престој, трпезаријата и старата соба на Serena.

4. Раскошниот ентериер на семејството Waldorf – во прилог се прикажани фотографии од собата, гардероберот и бањата на Blair, собата на Serena, трпезаријата на семејството и дневниот престој.

5. Ентериерното уредување на списанието NY Spectator, чиј раководител е Nate Archibald.

6. Ентериери на некои од хотелите во кои, во одреден момент, се одвивало дејството од серијата (хотелот во кој се среќаваа Dan и Blair, хотелот на Gеorgina Sparks и сл.)

Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *