Африканското дрво баобаб, кое нам ни е познато како „дрво на животот“, со векови претставува симбол на Африка. Претставува едно од најголемите дрвја, со периметар од 33-47 метри (зависно од делот на стеблото), а достигнува височина од 19-22 метри. Без оглед на реалната бројка, сите се согласуваат дека тоа е најширокото дрво кое постои. Токму затоа, барот Sunland Baobab е разбирливо, една од најпопуларните атракции на областа. За да се направи овој бар, дрвото не било вештачки издлабено. Овој вид на дрво e природно шупливо. Барот бил создаден во 1933-та година, и работи до ден денес. Има 13 метри високи тавани и во него удобно може да се сместат 15 луѓе. Покрај своите извонредни димензии, баобаб е едно од најстарите дрвја на Зземјата. Конкретно ова дрво се проценува дека е старо 6000 години. Дрвото се наоѓа во една приватна фарма, во сопственост на Van Heerden, семејство кое се грижи за овој величествен примерок.







Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!