Top

Паркот во небото: THE NEW YORK HIGHLINE

The New York Highline е место кое мора да го посетите доколку одите во Њујорк, а воедно сте љубители на урбаниот дизајн, или пак едноставно љубители на место каде може да се релаксирате и да го разгледате градот од една поинаква перспектива. Тоа е парк, шеталиште, место за одмор, како сакате наречете го, а за да ви стане потполно јасно за што станува збор, ќе ве вратиме 80-тина години во минатото.

Во 1930-тите, поради зголемениот и отежнатиот сообраќај во западниот дел на Менхетен, што се должело на индустрискиот дел кој се наоѓал овде, биле изградени надземни железнички пруги кои служеле за транспорт на стока во индустријата. Пругите успешно функционирале се до 1980 година, кога тамошната индустрија полека згаснала, па пругите кои порано биле прилично голема инвестиција, останале неупотребливи.

Во 1999-та градот Њујорк донесува одлука дека тие треба да се срушат, со цел подобро искористување на земјиштето. Но, група граѓани сметаат дека тие имаат голема историска значајност, и дека треба да останат и да сведочат за еден белег од времето на Њујорк во кое тие биле изградени.

По долготрајни дискусии, конечно во 2003-та е прифатен предлогот за задржување на надземните пруги, и нивно пренаменување во јавен парк. На конкурсот победи тимот архитекти Diller Scofidio + Renfro, чие решение беше реализирано во 2009 година, а денес претставува вистинска гордост на Њујорчани.

Погледнете фотографии од почетокот на железницата, од почетокот на изградбата на паркот, како и финалниот продукт. Извонредно, зарем не?


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *