McNally Jackson Books е една од најголемите самостојни книжарници во Менхетен. Сопственикот, заедно со архитектите од Front Studio Architects, извршија ре-концептуализација на кафулето која е во склоп на нивната книжарница. Притоа, создадоа место примамливо за сите они кои се љубители на добрата литература, а воедно можат да се напијат вкусно кафе и да пробаат од нивните одлични колачи.





Интересен аспект во дизајнирањето на ентериерот на оваа книжарница е неформалното седење и уникатниот дизајн на соло-масички, кадешто на мир можете да си уживате во своите омилени дела. Тоа се всушност мали масички на расклопување, кои потсеќаат на книга која се отвора и затвора. Притоа, тие можат да се подигнат до ѕидот за време на разни изложби планирани во просторот на кафетеријата.


Самиот ѕид на кои се наожаат овие масички е кружен, а тапетите кои се на него, се принт од отворени страници од книги со различна боја.
Вистинско место за релаксација и духовна наобразба.


![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!