Top

Креативна куќа на врвот на Siglap Hill во Сингапур

Архитектите Aamer Architects ја создадоа оваа куќа која се наоѓа на ридот Siglap Hill во Сингапур, и тоа на самиот врв со што му е обезбедена величествена панорамска глетка. Архитектите се потрудиле и добиле прилично креативна форма, која се изделува од секојдневните куќи. Гледајќи го објектот, ќе ја приметите неговата движечка димензија, што е постигнато со меѓукатната конструкција која се прекршува нагоре и се трансформира во покривна површина.
Третото, најгорното ниво е резервирано за спалните соби, кои го добиваат најдобриот поглед. На второто ниво се наоѓа дневниот боравок и делот за прием, кој е обиколен и поврзан со отворени тераси / веранди. На најдолното ниво се апартманите заедно со базенот и градината, кое е совршено за приватни забави. Интересен детал е металното окно кое ја втемелува конструкцијата, а воедно во себе ја крие бањата, а од другата страна и делот за скара.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




1 Коментар

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *