Top

Пазарот Санта Катерина во Барселона

Лоциран во центарот на Ciutat Vella, во квартот Рибера, пазарот Санта Катерина е исклучителен сведок на богатата историја на градот Барселона, тој претставува прв затворен пазар кој бил изграден во овој град.
Во 1835, манастирот Санта Катерина бил срушен во текот на револуцијата која се случувала во овој период. Со декрет кој бил даден од Градското Собрание на Барселона, било одлучено да започне изградбата на пазарот во 1844. Пазарот бил отворен во 1848, со цел да го снабдува градот со намирници, како и да претставува место во градот кое ќе биде посветено на трговија на големо и мало.
Самиот проект бил доста амбициозен, и имал за цел да се направи место кое ќе претставува пофункционално решение од постоечките пазари во тој момент. Проектот не успеал, бидејќи Владата во Мадрид се противела на идејата да се продадат соседните парцели кои биле неопходни за изградбата на пазарот.
И покрај проблемите со функционирањето, пазарот почнал привремено да се користи. Во 1846, веќе биле поставени првите тезги на трговците за риба, а исто така и други тезги биле продавани на аукција се со цел да се придонесат повеќе средства за изградбата.
По војната, пазарот станува центар за снабдување со храна, не само на жителите на Барселона, туку и на блиските градови. Овој пазар претставува значаен импулс за традиционалната трговија на Барселона.
Во 2005 година е извршена ревитализација на објектот и изведено е новото решение предложено од EMBT (Enric Miralles and Benedetta Tagliabue Architects).



Традиционалниот пазар, станал од големо значење како никогаш. Градот без трговија на мало е град без живот. Затворените продавници нуделе познати услуги и придонесувале за похуманите човечки односи.
Барселона отсекогаш претставувала трговски град. Малите продавници допринеле многу за нејзиниот развој, понуда на работа како и циркулација на пари.
Најголем дел од пазарот, 400м² зафаќа Caprabo маркетот, тој нуди секакви продукти за домот. Тој нуди секаква храна, и претставува водечка компанија во оваа област за дистрибуција на храна.
Пазарот се состои од 100 тезги, од кои 33 се компјутерски опремени и тие овозможуваат online купување и дистрибуција на намирниците до потрошувачите. Сепак многу поедноставно е купувањето преку користење на директен контакт со продавачите, отколку нарачка преку компјутер.
Користењето и ставањето во функција на овој пазар, не само што претставува реставрирање на историски објект, туку овој пазар помага во зачувувањето и одржувањето на традиционалниот начин на живот.

Финалното покривање е изведено со керамички плочки, кои се во различни бои, со хексагонален облик, со вкупна развиена површина од 4200м².
Боите во кои се појавуваат керамичките плочки, се боите кои се појавуваат кај овошјето и зеленчукот кое се продава на пазарот, а искористени се вкупно 200.000 плочки, со димензија 15цм, кои формираат мозаик кој се состои од 67 бои.
Авторите на овој објект највеќе го користат дрвото како материјал за градба, поради тоа што дрвото е материјал кој широко се користел, а и сеуште се користи во традиционалната архитектура застапена во Барселона и околината. Керамичките плочки кои ги користат за покривање на објектот, исто така се белег на тамошната архитектура, поради нивната честа примена при фасадна обработка на објектите.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *