Top

Култура на повисоко ниво – Опера во Гуангзоу

Повеќето од вас се надевам слушнале за Заха Хадид, а за оние кои не, дозволете да ви ја претставам. Заха Хадид е еден од најпочитуваните и најталентираните архитекти на денешницата, во светски рамки. Таа доаѓа од кралското семејство во Ирак, а својата успешна кариера денес ја гради во Велика Британија, но тоа секако не ја спречува да го збогатува целиот свет со нејвините извонредни дела. Покрај нејзините многубројни дела, денес ви го претставуваме нејзиниот најнов објект, операта во Гуангзоу, Кина.

Целиот објект, и во внатрешноста и на надворешноста, го носи печатот на Хадид, а тоа е специфишното обликување на просторот, кој имаме чувство како да ‘протекува’. Во случајов, нејзината инспирација доаѓа буквално од течењето на реката, и формите кои таа ги создава при обликувањето на долините и коритата. Операта е составена од два волумена, еден поголем и еден помал, кои буквално изгледаат како две речни камчиња. Ефектот уште повеќе е доловен и со употребата на самиот материјал, а тоа е гранитот, кој е додатно обликуван.

Во внатрешноста, централен дел зазема главната оперска сала, со капацитет од 1800 места. Салата изгледа извонредно, и се изделува од се’ што досега имате видено. Во секој момент очекувате дека таа ќе се придвижи, како да е жива материја, баш простор кој тече.

Во надворешноста, гранитот е комбиниран со големи стаклени површини, и широки поплочени површини за шетање.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *