Германското архи студио GMP е автор на ова модерно архитектонско дело – Музејот Ханој, со облик на превртена пирамида. Врвот на пирамидата т.е. нејзиниот прв кат е опкружен со водена површина, а во нејзината рефлексија се гледа пирамидата во својата вистинска позиција, каква би требало да биде и сме навикната да ја гледаме – исправена.
Музејот се протега на површина од 30.000 квадратни метри распределени во четири ката. Првите три се резервирани за изложби и низ нив минуваат огромни кружни скали. Идејата за кружните кали, првично е произлезена од практични причини – посетителите движејќи се по скалите да можат да ги проследат сите изложби и настани кои се организираат во објектот.
На четвртиот, најголем, кат се наоѓаат конференциски сали, канцеларии и библиотеки. Погледнете за што Ви зборуваме.






Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!