Top

Куќата и градината

Дизајнирана од страна на Ryue Nishizawa, оваа куќа претставува невообичаена глетка во урбаната џунгла на Токио. Подигната на мала парцела, таа е ‘надвисната’ од нејзините две високи сосетки, па затоа архитектот одлучил да искористи поинаков пристап во обликувањето на нејзината фасада.
Впрочем, таа и нема некоја строго дефинирана фасада како нејзиното опкружување. Тој ја повлекува примарната фасада кон внатрешноста, која комплетно ја застаклува, а со цел да ја зголеми приватноста на корисниците, создава секундарна фасада од зеленило која излегува на фронтот на улицата.
Со тоа објектот кој има висина од четири ката, добива своја ‘висечка градина’, како што ја нарекува самиот автор.
На првото ниво се наоѓа дневниот простор со кујната, на второ и трето ниво спалните соби, а на последното ниво гостинска соба. Погледнете.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *