Top

Куќа на гребен во Јокохама

Оваа резиденција е намената за живеење на четиричлено семејство, заедно со студио (ателје) за таткото. Лоцирана на гребенот којшто нуди прекрасен поглед кон градот на јужната страна, на нејзината десна страна е сместена гаражата, а на левата студиото, со влезот на северна страна.
Приземјето се состои од простор за дневен престој, трпезариски простор и кујна, како и студиото, а додека на катот се главно просториите за спиење. Студиото и дневната соба се простории со висина од две нивоа, а родителската спална соба се наоѓа на галерискиот простор над собата за дневен престој.

Подната обработка е главно од бамбусов ламинат, а додека екстериерот е претежно бел, со црни прозорски рамки, и употреба на дрвени брисолеи кои ја зажувуваат надворешната монотија на објектот.

Проектот е дело на Edward Suzuki Associates.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *