Top

Уникатен кинески ресторан во Лас Вегас

Во град како Лас Вегас, тешко може да се дојде до титулата оригинален, единствен, до сега невиден… Но, ресторанот “Beijing Noodle No.9” сместен во познатиот хотел и казино “Caesar’s Palace” ги заслужува сите тие епитети, бидејќи во целото шаренило од вкусови и бои кои ги нуди Лас Вегас, успеа да биде забележан и ставен на листата на “места кои мора да се посетат”. Дизајнот на просторот е направен така што уште на самиот влез ве пречекуваат два огромни аквариуми, кои само ја навестуват атмосферата што владее во ресторанот. Внатрешниот простор е решен со едноставни бели столчиња и маси на метални ногарки, со незабележлив под во неутрална светла нијанса и со добро осветлен шанк. Сепак, главната естетика на просторот ја прават преплетените мотиви низ таванот, превземени од арапската култура, во живи бели бои и светлина која продира низ нив, како и отсјајот на сето тоа врз целата просторија. Ефектот е неверојатен, се создава една интересна оптичка илузија на бескрајност на просторот, па имате чувство дека вечерате под ѕвездено небо. Комбинацијата на автентичната кинеска храна и топлата атмосфера, му ја даваат душата на ова место и одблиску ни ја доловуваат мистичноста на Ориентот.



Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *