Top

Шармантниот џез-бар “Bašta”

Сега имате причина плус за посета на метрополата на нашиот северен сосед. Неодамна, во близина на добро познатиот Бранков мост во Белград се отвори пријатно катче за љубителите на џезот и доброто вино.
Станува збор за џез-барот “Bašta” кој веднаш ќе ги освои вашите симпатии.



“Bašta” се наоѓа во стариот дел на Белград, познат како Савамала. Секој кој имал прилика да прошета по тесните улички на Савамала знае дека станува збор за еден изолиран систем кој е преполн со детаљи кои, со сигурност, ќе го привлечат вашето внимание.

Барот е опкружен со високи ѕидови, кои датираат од далечната 1870-та, и истите наскоро ќе бидат во функција на изложбен простор.

“Bašta” го опишуваат како шармантен простор кој претставува сплет на автентична градба, река и градски немир.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




1 Коментар

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *